Во Токио буквално одвај се дише, Ѓоковиќ земаше кислород од црево (Фото)

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ немаше проблем да го победи Алехандро Давидович-Фокина и да се најде во четвртфиналето на олимпискиот турнир во Токио, но имаше проблем да дише на пеколот и влагата во главниот град на Јапонија.

Тенисерите најмногу се жалат на условите, а и според тоа како изгледаше Новак по мечот, очигледно е дека се соочуваат со нехумани услови за игра (температура над 30 степени целзиусови и влажност на воздухот над 70 проценти).

Србинот имаше среќа што мечот се играше на централниот терен, каде има и сенка. За разладување, светскиот рекет број 1 на паузите користеше едно црево за кислород и кеса со мраз.

- Оглас -

Најнови вести