Во топ 5 лигите, Мбапе е играчот кој најчесто беше во офсајд позиција во 2022 година

Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе, е фудбалерот кој најчесто бил во офсајд позиција во 2022 година, во конкуренција на играчи од Топ 5 лигите во Европа.

Лани, Мбапе 38 пати бил во офсајд на мечевите од француската лига. Второто и третото место го делат Ињаки Вилијамс од Атлетик Билбао и Жерар Делофеу од Удинезе со по 32 офсајди, а топ 5 го комплетираат Кристијано Роналдо додека играше за Манчестер јунајтед, и Ентони Модест од Борусија Дортмунд, со по 28.

Меѓу десетте играчи кои најчесто биле во офсајд, меѓу другите се и Душан Влаховиќ и Карим Бензема.

- Оглас -

Најнови вести