Капитенот на Ватфорд, Трој Дини, со право не сака да се врати на тренизите, ниту пак да игра во случај сезоната во Премиер лигата да продолжи. Во неговиот тим дури тројца членови се заразени од шестте потврдени случаи на ковид-19 по масовното тестирање, кое опфати 748 фудбалери и членови на стручните штабови во англискиот шампионат.
Дини откри дека неговиот петмесечен син има потешкотии со дишењето и не сака да создаде поголеми проблеми во случај да го донесе вирусот дома, па затоа и одлучи да не учествува во тимскиот тренинг.
Еден од позитивните случаи е во Барнли, станува збор за помошниот тренер Ијан Вон.
Премиер лигата, како и голем дел од останатите првенства, прекина со натпреварување во средината на март, а во меѓувреме се вршат напори сезоната да продолжи на 12 јуни.