Погледнете ги сите погодоци од мечевите во ЛШ! (Видео)

* Црвена ѕвезда издржа да не прими гол против Наполи и освои бод на „Рајко Митиќ“. Тоа беше и единствениот меч вечерва на кој немаше ниту еден погодок.

* ГОООЛЛЛ Галатасарај – Локомотив М. 3-0 – И со играч помалку, домаќините со голот на Инан во 94-тата минута стигна до нов погодок.

* ГОООЛЛЛ Ливерпул – ПСЖ 3-2 – Фирмино со гол во 92-рата минута донесе победа за Ливерпул.

https://youtu.be/bDp4MdLzvVU

* ГОООЛЛЛ Ливерпул – ПСЖ 2-2 – Салах згреши на средината на теренот, а ПСЖ брзо се трансформираше во напад и со голот на Мбапе стигна до израмнување во 83-тата минута.

* ГОООЛЛЛЛ  Бриж – Борусија Д. 0-1 – Германскиот фаворит во 85-тата минута го скрши отпорот на домаќините. Погоди Пулишиќ за радост на „милионерите“.

https://youtu.be/Xg7lX-K7hqg

* ГООООЛЛЛ Шалке – Порто 1-1 – По промашениот пенал во првиот дел, гостите сега погодија од белата точка. Отавио во 75-тата минута погоди за реми.

https://youtu.be/ItTKDBRos1M

* ГОООЛЛЛЛ Галатасарај – Локомотив М. 2-0 – Турците се пред освојување на три бода, откако Дердијок во 67-мата минута ја удвои предноста.

* ГОООЛЛЛЛ Шалке – Порто 1-0 – Откако гостите промашија пенал во првиот дел, домаќините сега казнија. Емболо погоди во 64-тата минута за водство.

* Црвена ѕвезда имаше само 82 додавања во првите 45 минути на мечот против Наполи, но и по 60 минути поминати на средбата во Белград, резултатот е 0-0, иако гостите жестоко напаѓаат.

* ГООООЛЛЛЛ Монако – Атлетико М. 1-2 – Мадриѓани прават целосен пресврт на гостувањето и по заостанувањето од еден гол, сега со погодокот на Хименез во 45+1 минута, стигнаа до предност на полувремето.

https://youtu.be/88xWvxZGQ2U

* ГООООЛЛЛ Ливерпул – ПСЖ 2-1 – Мение со погодок во 41-вата минута носи надеж за гостите од Париз.

* ГООООЛЛЛ Ливерпул – ПСЖ 2-0 – Џејмс Милнер со погодок од пенал набрзина го удвои водството на англискиот тим.

* ГООООЛЛЛ Ливерпул – ПСЖ 1-0 – Даниел Стариџ донесе ерупција на „Енфилд роуд“ погодувајќи со глава во 31-вата минута.

* ГОООЛЛЛЛ Монако – Атлетико 1-1 – Гостите од Шпанија не чекаа многу за да израмнат. Во 31-вата минута погоди Диего Коста за израмнување.

* ГООООЛЛЛЛ Монако – Атлетико М. 1-0 – Со голот на Грандсир во 18-тата минута, францускиот тим поведе против „јорганџиите“.

* Порто преку Телес пропушти шанса да поведе на гости кај Шалке. Гостинскиот играч во 13-тата минута промаши пенал, односно голманот на Шалке го одбрани неговиот удар.

* ГООООЛЛЛ Галатасарај – Локомотив М. 1-0 – Турскиот гигант е првиот кој погоди во мечевите од 21 часот. Родригез погоди во деветтата минута за радост на домашните фанови.

* Неверојатна кореографија направија навивачите на Црвена ѕвезда, и тоа низ целиот стадион „Рајко Митиќ“. Српскиот првак од 21 часот игра против Наполи.

https://www.youtube.com/watch?v=HY3Eqg73LGY

* ГОООООЛЛЛЛ Интер – Тотенхем 2-1 – Со гол во 92-рата минута Интер стигна до пресврт и победа против Тотенхем. Вечино со глава погоди за неверојатен пресврт во Милано.

https://youtu.be/rZfRvQdv66Q

* ГОООООЛЛЛЛ Барселона – ПСВ 4-0 – Лионел Меси на фантастичен начин ја започна новата сезона во ЛШ. Со голот во 87-мата минута го комплетираше хет-трикот против холандскиот тим.

https://youtu.be/-HjvdYvLgd8

* ГООООЛЛЛЛЛ Интер – Тотенхем 1-1 – Мауро Икари со прекрасен волеј удар од околу 20 метри погоди за делириум на „Џузепе Меаца“.

* ГОООООЛЛЛЛ Барселона – ПСВ 3-0 – Веднаш по голот на Дембеле, Барселона повторно се радуваше, а стрелец беше Меси во 77-мата минута.

* ГООООООЛЛЛЛ Барселона – ПСВ 2-0 – Тоа што не му успеа на Суарес, го направи Дембеле. Во 75-тата минута прифати една топка и со одмерен удар надвор од шеснаесетникот ја затресе мрежата на гостите.

* Барселона може да жали што не води со 2-0, откако ударот на Луис Суарес во 68-мата минута заврши само во пречката од голот на ПСВ.

* Познати се составите и на останатите шест меча кои ќе стартуваат од 21 часот. Во Белград, стадионот е исполнет до последно место, а интересно е тоа што Наполи во стартниот тим ќе биде без двете големи ѕвезди Хамшик и Мертенс. Тренерот Карло Анчелоти реши да ги одмори на клупата за резерви.

* ГОООООЛЛЛЛЛ Интер – Тотенхем 0-1 – Англискиот тим со голот на Кристијан Ериксен поведе со 1-0 против Интер. Погодокот е во 53-тата минута.

* На двата меча кои се играат во моментов започна второто полувреме, а тренерите не направија ниту една измена досега.

* Интер упати дури шест шута кон голот на Тотенхем, но само еден беше во рамките и тој го одбрани гостинскиот голман. Англискиот тим ја имаше теренската доминација и по првите 45 минути е со 59 отсто посед на топка.

* Полувреме: Барселона со голот на Меси води со 1-0 против ПСВ Ајндховен, додека на дуелот Интер – Тотенхем мрежите мируваа по првите 45 минути.

* ГООООЛЛЛЛ Барселона – ПСВ 1-0 – Меси од слободен удар од околу 18 метри биеше, а голманот беше немоќен. Во 31-вата минута од средбата, Меси успеа на своето конто да го запише и 30-тиот клуб против кој дал гол во ЛШ.

* Половина час измина од стартот на ЛШ, но мрежите во Милано и Барселона мируваат. Сите четири екипи речиси и да не создадоа чиста шанса за погодок.

* Барселона има 77 отсто посед на топката, создаде неколку шанси, но и по 20 минути нема голови.

* Во 13-тата минута, Ериксен со шут од околу 30 метри, од слободен удар можеше да го доведе Тотенхем во водство, но голманот на Интер го одбрани ударот на данскиот репрезентативец.

* Кутињо во 10-тата минута ја имаше најдобрата шанса за Барселона во досегашниот дел од средбата на „Камп ноу“.

Интер по пауза од 2.380 денови повторно е дел од Лигата на шампиони.

ПСВ Ајндховен последната победа на гости во ЛШ ја забележа во 2007 година против Спартак во Москва.

Барселона има 24 победи на последните 26 меча на „Камп ноу“ во Лигата на шампиони. Последниот пораз пред своите навивачи на Каталонците е од мај 2013 година од Баерн Минхен (0-3).

Тотенхем има само една победа на 9 гостувања во Италија. Се имаат радувано против Милан на „Сан Сиро“ со 1-0. Во останатите осум меча имаат 4 порази и 4 реми.

СОСТАВИ

Интер – Тотенхем 

Стадион „Џузепе Меаца“ од 18.55 часот

Интер – Хандановиќ, Де Вреј, Асамоа, Шкрињар, Весино, Брозовиќ, Наинголан, Перишиќ, Политано и Икарди.

Тотенхем – Ворм, Орие, Санчез, Вертонген, Дејвис, Даер, Дембеле, Ериксен, Сон, Ламела и Кејн.

 

Барселона – ПСВ Ајндховен

Стадион „Камп ноу“ од 18,55 часот

Барселона – Тер Штеген, Роберто, Алба, Умтити, Пике, Бускетс, Ракитиќ, Кутињо, Дембеле, Суарес, Меси.

ПСВ Ајндховен – Зот, Тасенде, Виргевер, Шваб, Дамфрис, Росарио, Хендрикс, Переиро, Лозано, Бергвајн и Де Јонг.

Конечно дојде денот кога стартува Лигата на шампиони. Денеска на програмата се осум мечеви, а со утрешните осум средби ќе се комплетира првото коло од елитното натпреварување на УЕФА.

Лигата на шампионите ќе стартува во двата нови термини: 18:55 часот и 21 часот. Првите два меча со кои ќе биде означен почетокот на елитното натпреварување се: Барселона – ПСВ Ајндховен и Интер – Тотенхем. Сите голови, најинтересни моменти од овие два меча може да ги следите тука.

Подоцна, од 21 часот ќе се играат уште шест дуели, и тоа: Бриж – Борусија Дортмунд, Црвена ѕвезда – Наполи, Галатасарај – Локомотив Москва, Ливерпул – ПСЖ, Монако – Атлетико Мадрид и Шалке – Порто. И од овие шест средби ќе ви ги пренесеме сите промени на резултати и најинтересни моменти. Затоа следете Спортманија.мк

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести