Во знак на благодарност, му се поклони на Куман по триумфот над Севилја (видео)

Барселона вчера ја запиша 16-тата лигашка победа во дербито на гости кај Севилја со 2-0 и дојде на само минус два бода од лидерот Атлетико Мадрид на табелата во Ла Лига. Каталонците доминираа на „Рамон Санчес Писхуан“ во мечот кој го одбележа Лионел Меси со погодок и асистенција, но мал момент на блесок имаше и новиот „бисер“ на Каталонците, Илаиш Мориба.

Ова талентирано момче пред месец и пол наполни 18 години и веќе го запиша вториот лигашки настап за тимот на Роналд Куман, во кој ја забележа втората асистенција. Во комбинација со Меси, Мориба му сервираше погодок на својот капитен, па така во вкупно 83 одиграни минути Мориба има два наместени гола, откако претходно еден сервираше во убедливата победа од 5-1 над Алавес пред две недели.

По мечот, Мориба му се поклони на Куман во знак на благодарност што му даде шанса да ги одигра последните 19 минути од средбата. Покрај огромниот потенцијал и талент, скромноста на младиот играч за врска му е исто така добра карактеристика, а најавите се дека иднината на каталонскиот гигант е во добри раце.

- Оглас -

Најнови вести