Водач на албанско-косовска мафија можел, ама не го ограбил домот на Меси од почит кон него!

Криминалец познат под прекарот Алберто, кој важи за еден од главните водачи на албанско-косовска група која често ограбува домови на познати фудбалери низ Пиринејскиот Полустров, дал интересна изјава дека имал прилика да провали во домот на Лионел Меси, но не го сторил тоа поради почит кон аргентинскиот фудбалер.

Групата на Алберто има над 100 луѓе, а неодамна од неа беше ограбен Серхио Рамос.

„Го ограбивме Карим Бензема, а еднаш се обидовме да го ограбиме и Кристијано Роналдо. Упаднавме во неговата куќа во Мадеира, но пленот што го најдовме таму не беше примамлив. Пред 11 години упаднавме во куќата на Јохан Кројф, не ни знаевме дека е негова. Сфативме чија е кога ги видовме фотографиите на ѕидовите. Успеавме да украдеме вредни предмети од околу 20 илјади евра“, вели Алберто.

Во врска со Меси, Алберто кажа нешто необично и интересно.

„Неколку пати ги запирав луѓето кои сакаа да упаднат во куќата на Меси. Се разбира, не можам да ги запрам сите такви обиди, но овој пат можев. Многу сум горд на тоа. Можев и сам да го ограбам Меси, имав можност да упаднам во куќата на неговите родители пред околу една година. Не го направив тоа од почит кон Меси“, раскажува Алберто.

- Оглас -

Најнови вести