Водат статистика, ама познаваат и фудбал – Топ е идеалниот тим на ИФФХС

Познатиот Институт за фудбалска историја и статистика, ИФФХС, го одбра и го презентира најдобриот тим за минатата деценија, а во идеалните 11 најмногу има Германци.

Мануел Нојер е на голот, а со него во најдбриот состав се и Филип Лам и Тони Крос. Ако се додаде и Роберт Левендовски, кој е шпиц во идеалниот тим, тогаш е јасно дека Баерн има најмногу сегашни или некогашни играчи во топ-11, веднаш зад Реал Мадрид.

Кралскиот клуб е најтрофеен и има и најмногу фудбалери во изборот на ИФФХС што играат моментно или играле за најтрофејниот тим во Европа.

Тука се: Рамос, Марсело, Крос, Модриќ и поранешниот ас на Реал, Кристијано Роналдо. Барселона ја претставуваат Меси и Иниеста, а во идеалниот тим е и Вирџил ван Дајк.

 

 

- Оглас -

Најнови вести