Имаше водство од 5:1 и седум сет топки, но една судиска грешка ја исфрли од колосек и загуби! (Видео)

Кристина Младеновиќ е тенисерката која е најголема трагичарка на Ролан Гарос откако загуби меч на кој делуваше дека е доминантна против Лаура Сиегемунд од Германија. Во текот на првиот сет, Младеновиќ водеше со 5:1 во гејмови и имаше седум сет топки. Во еден од тие поени за освојување на сетот, судиите направија голем превид, а германската тенисерка го врати топчето кое прво двапати падна во нејзиното поле.

Иако тоа беше поен со кој Младеновиќ ќе водеше со 1:0 во сетови, на крајот се покажа како судиска грешка која буквално ја извади од колосек Французинката. Сиегемунд го доби сетот со 7:5, а потоа во вториот беше подобра со 6:3 и се пласираше во следната фаза. Младеновиќ беше лута и побара внесување на ВАР-систем и во тенисот за да нема вакви очигледни грешки.

„Би било одлично ако во тенисот има ВАР-систем како во фудбалот. Штета ќе биде луѓето да се заменат со камери, но човечки е да се згреши. Сепак, не можам да сфатам како судијата не виде дека згреши во тој поен. За жал, јас испаднав од Ролан Гарос, а Лаура оди понатаму“, рече по мечот Кристина Младеновиќ, која додаде дека не е зачудена за тоа дека противничката не призна дека топчето двапати паднало во нејзиното поле.

https://twitter.com/i/status/1310919203424292865

За Младеновиќ не е првпат да има убедлива предност и да загуби на крај. На едно издание на Отвореното првенство на САД, Французинката водеше со 6:1 и 5:1 против Русинката Грачева, а на крајот сепак загуби. Овојпат дефинитивно причина за неверојатниот пад во играта е судиската грешка.

 

- Оглас -

Најнови вести