Водителка ги засени Нејмар и соиграчите и ги налути Бразилците: Не сакаат да ја гледаат провокативната Секо, туку фудбал (Фото)

Фудбалот во Бразил е религија и за фановите следењето на настапите на нивната репрезентација на Светските првенства е најважен настан и ништо не смее да им го одвлече вниманието од тоа, дури ниту провокативни водителки кои речиси полуголи водат ТВ-емисии.

Водителката и актерка Дебора Секо успеа да ги засени Нејмар и соиграчите пред нивниот прв настап во Катар против селекцијата на Србија и во исто време ги налути сонародниците.

Убавата водителка води специјална емисија за Светското првенство во Катар, а со провокативното облекување ги провоцира сонародниците.

„Отстранете ја од екраните, сакаме да гледаме фудбал“, се најголем дел од коментатите на Бразилците.

Но Дебора има одговор за сите критичари и тој нема да им се допадне.
„Јас сум тоа што сакам да бидам“, вели Секо, која сигурно би имала само позитивни коментари за својот стајлинг доколку води емисија кога не се одржува Светско првенство.

- Оглас -

Најнови вести