3.8 C
Skopje
четврток, 26 февруари 2026

Водителката мораше да ги соблече чизмите за да застане на теренот на кој се играше меч од ЛШ (Видео)

Водителката на „Прајм видео“, Алекс Аљо, се најде во необична ситуација пред натпреварот од Лигата на шампионите помеѓу Њукасл и Карабаг. Додека известуваше од теренот на „Сент Џејмс парк“, каде што разговараше со стручниот коментатор Вејн Руни, 34-годишната водителка мораше да стои боса, облечена само во чорапи, на студениот и влажен терен.

Дури и на преносот беше видливо дека водителката е без чевли, а потоа таа самата објасни дека едноставно морала да ги соблече чизмите кои имале високи потпетици, со кои би можела да го оштети теренот, па затоа ги соблекла.

„Можам да објаснам. Носев чизми со високи потпетици кои очигледно би го оштетиле овој прекрасен тревник. Затоа моите чорапи се целосно натопени овде на ‘Сент Џејмс парк’“, рече водителката додека некогашниот англиски репрезентативец Вејн Руни збунето, но со насмевка ја гледаше, а потоа водителката додаде: „Како и да е, во ред е, ајде да зборуваме за фудбал“.

Од фудбалски аспект, Њукасл немаше никакви проблеми против Карабах. Англискиот тим на првиот меч на гости победи со убедливи 6:1, а на „Сент Џејмс парк“ повторно беше подобар, овојпат со 3:2.

- Оглас -

Најнови вести