14.8 C
Skopje
понеделник, 25 август 2025

„Воинот“ на Јуве се враќа на терените

Марио Манџукиќ утре се враќа во стртните 11 на Јувентус во дуелот против Парма. Хрватскиот напаѓач се здоби со повреда на бедрото и се очекуваше паузата да биде долга, но тренерот Макс Алегри потврди дека Манџукиќ утре ќе биде партнер на Кристијано Роналдо во нападот.

„Манџукиќ се оправи и е подготвен, утре ќе игра покрај Роналдо, додека ќе треба да се одлучам меѓу Дибала, Коста и Бернардески за конмплетирање на напаѓачката тројка“, истакна Алегри.

Манџукиќ ги пропушти последните четири натпревари за Јувентус, меѓу кои беше и Суперкупот на Италија против Милан, во кој „старата дама“ го освои трофејот со голот на Кристијано Роналдо.

Дуелот против Парма е закажан за утре со почеток од 20:30 часот.

- Оглас -

Најнови вести