Војдан Стојановски попладнево ќе дебитира за МЗТ, Металците фаворити против Сутјеска

По вчерашната победа на Пелистер над Младост Земун, денеска со оптимизам се очекува настапот и на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата, на дуелот со Сутјеска.

Деби во дресот на МЗТ ќе имаат најновите засилувања, капитенот на македонската репрезентација Војдан Стојановски и плејмејкерот Морис Кари. Во тимот на тренерот Дарко Радуловиќ ќе го нема Дамјан Стојановски, кој се повреди неодамна, па браќата Стојановски ќе треба да почекаат уште некое време пред да заиграат заедно во ист клупски дрес. Камбекот на Дамјан се очекува за завршниот турнир од Купот на Македонија, од 18 до 20 февруари.

Мечот Сутјеска – МЗТ Скопје се наоѓа и во понудата на Sport Life. Според квотите, македонскиот шампион е фаворит за победа.

Штрковите од Аеродром имаат шест победи по првите седум меча, втори се на табелата во АБА 2 и се борат за враќање во елитното јадранско друштво.

- Оглас -

Најнови вести