Екипите на Баерн Минхен и Алба Берлин водат битка за титулата во кошаркарската Бундеслига, а капитенот на македонската репрезентација и играч на ЕВЕ баскетс Олденбург, Војдан Стојановски, се согласи преку Спорт Манија со свој совет да им помогне на обложувачите.
Финалето на германскиот плејоф го има и во понудата на Sport Life, а според Војдан, кој е поранешен член на Алба, предноста сепак е на страната на Баерн, кој води со 1-0. Вечерва од 20.30 часот домаќин е Алба, но притисокот врз „албатросите“ е огромен бидејќи пораз ќе значи и речиси сигурно збогување со титулата.
„Мислам дека Баерн ќе го добие финалето. Тие сезонава играа многу добро и во Евролигата, а го издржаа притисокот и на првиот меч во Минхен, кога Алба одигра доста добро. Сега притисокот е врз Алба, знаат дека дома мора да победат ако сакаат да останат во игра во ова финале. Баерн е многу искусна екипа која ќе знае да го искористи тоа и може да им зададе решавачки удар“, анализира Стојановски.
Војдан со Олденбург имаше одлична сезона, клубот ги надмина очекувањата, стигна до полуфиналето на плејофот, а таму беа елиминирани од Алба. Лично Стојановски одигра 40 меча (31 победа и 9 порази), трипати беше во првата петорка, а имаше просек од 7,7 поени и 2,2 скока за 20 минути по натпревар.
Инаку, според квотите, Алба е благ фаворит, па затоа двојката која ја предлага Стојановски е доста примамлива.