Војната во Израел ѝ прави проблеми на УЕФА, одложени два меча!

Воената состојба која е актуелна во Израел во последните неколку дена прави хаос и во спортскиот свет. Сите натпревари кои требаше да ги играат израелските клубови беа откажани, а сега се откажуваат и дуелите на фудбалската репрезентација на Израел во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2024 година.

Израел требаше да биде домаќин на Швајцарија и кога започнаа воените дејствија во земјата, беше јасно дека нема да има услови да се одигра овој натпревар. Неизвесен беше и дуелот меѓу Косово и Израел, а според последните информации од Приштина, и овој натпревар нема да се игра во предвидениот термин.

Од Фудбалската федерација на Израел ги откажале резервациите во хотелот во Приштина, каде што требаше да престојуваат во периодот кога требаше да се игра тој дуел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести