Волфсбург за тренер го назначи Хрватот кој поради чудни методи „леташе“ од Баерн и Монако

Нико Ковач денеска и официјално беше претставен како нов тренер на Волфсубрг. Хрватскиот стратег стави постпис на тригодишен договор со овој клуб.

Тренерската кариера на Ковач не е до толку успешна ккао играчката. Пред неколку сезони беше избркан од Баерн Минхен поради чудните тренинзи и правилата кои што ги имаше во соблекувалната.

Најголемите ѕвезди кренаа бунт против него, а тој беше заменет со Ханси Флик кој што истата сезона ја донесе титулата во Лигата на шампионите. Ковач во текот на сезоната што заврши го водеше Монако, но исто така беше избркан поради своите чудни методи и правила.

- Оглас -

Најнови вести