Волкановски позитивен на коронавирус, одложена борбата за светска титула

Шампионот во перолесна категорија во ултимејт фајт, Австралиецот со македонско потекло Александар Волкановски, позитивен е на Ковид-19, па неговата борба за одбрана на светската титула против Брајан Ортега е одложена. Борбата од УФЦ 260 настанот требаше да се одржи на 27-ми март.

„Шокиран сум од резултатот на тестот. Имав негативни тестови кога ја напуштив Австралија, заминав во УФЦ балонот, но последниот тест се покажа позитивен. Многу напорно се подготвувавме за оваа борба, апсолутно сум шокиран што мора да се одложи. Ви благодарам за поддршката и убавите пораки. Ќе се вратам посилен од било кога“ – напиша Волкановски на Твитер.

Волкановски стана шампион во декември 2019 година, кога го победи Макс Халовеј, а лани го одбрани појасот со нова победа над истиот противник. По откажувањето на борбата на Волкановски и Ортега, најинтересна на УФЦ 260 ќе биде битката во тешка категорија на Стипе Миочиќ и Френси Нгану.

- Оглас -

Најнови вести