Волшебниците им приредија непријатно изненадување на Јокиќ и другарите

Кошаркарите на Вашингтон визардс приредија големо изненадување со победата од 126-123 на гости против Денвер нагетс. Клучен момент на мечот беше тројката на Џордан Пул на 1,8 секунди пред крајот, која им ја донесе победата на гостите.

Алекс Сар блесна со најдобрата партија во кариерата, постигнувајќи 34 поени. Покрај него, Џордан Пул и Кишаун Џорџ придодадоа по 19 поени, додека Џастин Чампањи забележа 16 поени и 13 скокови.

На спротивната страна, Никола Јокиќ беше најдобар кај Нагетс со 40 поени, 13 скокови и девет асистенции, додека Џамал Мареј постигна 24 поени, а Расел Вестбрук заврши со 22 поени и 11 асистенции.

Иако Нагетс имаа предност од 11 поени во третата четвртина, не успеаја да ја задржат, дозволувајќи им на гостите да направат пресврт и да стигнат до победата.

Резултати: Детроит – Оклахома 107-113, Хјустон – Чикаго 117-114, Мемфис – Мајами 125-91, Милвоки-Индијана 126-119, Голден Стејт – Њујорк 97-94, Сан Антонио – Њу Орлеанс 119-115, Денвер – Вашингтон 123-126.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести