Волт Дизни пристигна на трибините на стадионот „Сан Никола“ во Бари, а некогашниот италијански прволигаш со оригинална идеа ја доби најслатката публика на светот.
Во отсуство на публика поради пандемијата со Ковид-19, домаќините ја пополнија источната трибина со кукли и со познатите ликови од магичниот свет на Волт Дизни.
Бари од 15 часот му е домаќин на Турис во меч од Ц групата во Серија Ц и без разлика на исходот на мечот веќе е победник на денот со оригиналната идеа и изведба на една од трибините на „Сан Никола“.