Волците ја сонуваат ЛШ, Астон вила ќе се мачи за опстанок

Вулверхемптон со минимални 1-0 славеше на гостувањето кај Астон вила, продолжувајќи ја низата на три победи во Премиер лигата по рестарт на сезоната. Леандер Дендонкер е стрелец на единствениот погодок во првиот меч од 32-то коло, го постигна на половина час до крајот на средбата на „Вила парк“.

Волците со оваа победа дојдоа на два бода заостаток до четвртопласираниот Челзи, сега имаат 52, додека пак Астон вила остана на 27 бода и претпоследното место на табелата, што значи Вилјенаците ќе се мачат до самиот крај на шампионат да опстанак во англиската елита.

 

- Оглас -

Најнови вести