Англискиот клуб Вaтфорд е еден од рекордерите во Европа по менување тренери, а тоа се потврдува и со назначувањето на Французинот Валериен Исмаел како нивен дури 11-ти менаџер за неполни четири години.
Исмаел, кој од 2005 до 2007 беше играч на Баерн Минхен, лани беше тренер на Бешикташ, а во Англија работел во ВБА и Барнсли. Ватфорд сезонава во Чемпионшип ја заврши на 11-тото место.
Негов претходник на клупата на Ватфорд беше Крис Вајлдер, кој го презеде тимот во март и го водеше на 11 натпревари.