Возбудата присутна од рано наутро, Македонија ќе игра пред своите навивачи

Владата направи голем гест за пријателскиот дуел на Македонија против Словенија со исклучокот да се дозволи присуство на навивачи на Националната арена „Тодор Проески“.

Како што е познато, 30% од капацитетот на стадионот во Скопје ќе биде исполнет откако беа пуштени 10.200 билети во продажба. Симпатизерите на македонската фудбалска репрезентација по повеќе од една година од прв ред ќе може да ги проследат своите херои на теренот, кои ќе се загреваат за претстојниот историски настап на Европско првенство.

Македонија нема да биде спаринг-партнер, таа улога им припадна на Словенците, а се очекува добра партија на Рисовите, каква што приредија претходно во победата од 2-0 над Словенија во евроквалификациите, меч кој беше меѓу последните кои избранциите на Ангеловски го играа пред домашната публика.

Дуелот е закажан за терминот од 18 часот.

- Оглас -

Најнови вести