Вперил пиштол кон поранешен фудбалер на Барселона и од него барал да му понуди договор

Поранешниот холандски репрезентативец и легенда на Барселона, Марк Ван Бомел, стравува за својот живот поради смртни закани кои ги добива од навивач кој сака да стане професионален фудбалер. 25-годишниот Џамалех Хабан, бара од Ван Бомел да му даде професионален договор, и до него се обидува да дојде со заплашување на тренерот на Антверпен.

Хабан неодамна се појавил пред домот на Ван Бомел во Антверпен и се обидел да го заслепи со факел, а потоа вперил пиштол кон тренерот кој сепак успеал некако да побегне“, пишува англискиот весник „Мирор“.

Покрај физички напад, Ван Бомел добивал и аудио пораки во кои Хабан, на него и на неговото семејство им се заканувал дека ќе ги убие.

„Слушај Марк, животот на твоето семејство зависи од ова, дозволи ми да бидам професионален фудбалер. Немој да одиш во полиција и да пријавиш, ќе те убиеме и тебе и твоето семејство. Знаеме каде живеете“, била една од пораките кои ги добил Ван Бомел.

Ова не е првпат Хабан да им прави проблеми на фудбалери, тој претходно поставил апарат за следење на автомобилот на Јури Тилеманс за да го следи неговото движење.

- Оглас -

Најнови вести