Враќање на отпишаниот: Енди Мареј во финале на АТП турнир по две години

Енди Мареј за првпат по две години ќе се бори за АТП трофеј, откако со пресврт од 2-1 во сетови (3-6, 7-5, 6-2) го совлада Уго Хумберт во полуфиналето на турнирот во Антверп. Британецот од март 2017 година се нема борено за пехар, кога во Дубаи славеше против Вердаско во периодот кога беше прв светски рекет.

Во финалето кое е закажано за утре наутро во 10 часот, Мареј ќе ги одмери силите против Стен Вавринка, кој претходно лесно го совлада Италијанецот Синер со 2-0 во сетови (6-3, 6-2).

- Оглас -

Најнови вести