Врапчиште покажа дека има свои мајстори за обложување кои заедно „лапнаа“ над 5.000 евра! (ФОТО)

Двајца мајстори за обложување од Врапчиште си заработија 321.891 денар, односно над 5.000 евра, и тоа комбинирајќи два посебни тикети.

Од нив едниот имаше добивка 276.172, додека, пак, вториот обложувач си заработи 45.719 денари.

ЕЛМАС И ХРАБРОСТА МУ ДОНЕСОА ГОЛЕМА ДОБИВКА

Како што напоменавме, овој наш обложувач си заработи 276.172 денари, и тоа благодарение на неколку сигурни, но, и еден „луд“ натпревар.

Квотата од 12 е од средбата меѓу Спартак Москва и Наполи, каде што се бараше водство на домаќините во првото, како и победа на крај проследена со три погодоци.

А тоа дојде благодарение на Елиф Елмас, кој даде гол во второто полувреме и со тоа го „затвори“ мечот за 2:1, со што беше заокружен и првиот пар, но и најголемата квота на овој тикет.

Доста неизвесно беше и на средбата меѓу Квинс парк ренџерс и Хадерсфилд, каде што се чекаше кец, а тој дојде во 81-вата минута, со голот на Лук Амос.

Спортинг Лисабон ја „торпедира“ Борусија Дортмунд, а Ливерпул и покрај тоа што не му требаше, оствари лесна победа над Порто од 2:0.

ПОГОДЕНИ ТРИ СУПЕР КВОТИ ЗА ГОЛЕМА РАДОСТ

Вториот добитен играч од Врапчиште стана побогат за 45.719 денари, и тоа откако на својот тикет си уплати три натпревари со 200 денари.

Првиот кружен пар беше меѓу Бешикташ и Ајакс, каде што има одиграно гостинска победа, но и двата тима да постигнат по еден гол.

Двата гола на Ливерпул во второто полувреме беа добредојдени откако по првиот дел беше нерешено, а типот беше икс во кец и од два до пет гола.

Квотата од 9.50 беше најголема на тикетов, а дојде од дуелот на Манчестер сити и ПСЖ.

Исто така се бараше победа на домашниот тим, а по првото полувреме да биде нерешено, но и двата тима да постигнат најмалку по еден гол.

ГОСТИВАРЧАНЕЦ ГИ СЛАВИ МЕСИЈАТА НА МИЛАН И МАЛЕН

Третиот тикет со убава добивка ни доаѓа од Гостивар, каде што е искомбинирано докторско ливче со 20, а има добивка од 70.762 денари.

И веднаш во преден план во очи паѓа квотата за победа на Милан, која изнесува 11.25.

Но, покрај тоа се бараше и нерешен исход на полувремето, нешто што секако испадна, а овој играч ќе го слави Жуниор Месијас, кој во самата завршинца го даде победоносниот гол за тимот од Милано.

Но, уште подоцна дојде и втората радост. Донјел Мален во 93-тата минута постигна гол за Борусија Дортмунд против Спортинг Лисабон за конечни 3:1 и заокружување на бараната игра, а тоа е домашен триумф и двата тима да дадат по еден гол.

 

- Оглас -

Најнови вести