Овој видео прилог е за сите фудбалери и општо спортисти кои се соочуваат со тешки повреди. „Фудбал за подобро утре“ е данска организација која оперира во Сиера Леоне и се грижи за развојот на спортот во оваа африканска држава, па преку испиративно видео со помош на хендикепирани фудбалери испрати порака до фудбалските ѕвезди на Реал Мадрид, Јувентус, Манчестер сити и Евертон, кои веќе извесно време се мачат со тешки повреди.
„Вратете се посилни“ е мотото на ова видео, а ќе инспирира и многу други луѓе кои се соочуваат со потешкотии во своите животи.
https://twitter.com/FANTsierraleone/status/1207558032990908417