Време е за нов почеток – НБА пак ќе биде омилената полноќна забава за обложувачите, стартот е со дуелот Бостон -Филаделфија

Двата фаворити во Источната конференција, Бостон селтикс и Филаделфија 76, ноќеска од 01.30 часот ќе го играат премиерниот меч од новата сезона во НБА-лигата, а веднаш по нив во одбрана на титулата ќе тргне Голден стејт вориорс против големиот конкурент од Западната конференција, Лос Анџелес лејкерс.

Тоа е мегадербито на првиот ден од новата сезона и ќе се игра од 4 часот по полноќ.

Воините пак се меѓу фаворитите за титулата и влегуваат во трката како актуелни прваци, иако повторно не од пол-позиција, како што велат експертите за НБА-лигата.

Стеф Кари, Клеј Томпсон и останатите кошаркари на првакот ќе се обидат да ја освојат петтата шампионска круна во последните девет години.

Голем ривал ќе им биде токму ѕвездениот тим на Лејкерс со Леброн Џејмс, Ентони Дејвис и Расел Вестбрук во составот.

Кралот Џејмс очекува голем подвиг оваа сезона и ако сè биде в ред и нема повреди, тој ќе биде крунисан во најдобар стрелец на сите времиња.

Му фалат уште 1.326 поени за да го престигне некогашниот член на Лејкерси и голема легенда Карим Абдул Џабар, кој е на врвот со 38.387 поени.

Меѓу фаворитите за титулата се рангирани: Милвоки бакс, Бостон селтикс, Бруклин нетс, Филаделфија 76, Голден стејт, Денвер нагетс и двете екипи од Лос Анџелес, Лејкерс и Клиперс.

Очигледно е дека ја нема Јута, а Џезерите останаа без двете главни ѕвезди Донован Мичел, кој замина во Кливленд кавлирс, и Руди Гобер, кој е нов член на Минесота тимбервулфс.

Олстар-викендот како едно од најзначајните обележја во НБА, што ќе биде случај и во оваа 77-ма сезона на најсилната кошаркарска лига на светот, ќе се игра во Солт Лејк сити од 17 до 19 февруари идната година.

Регуларниот дел од сезоната ќе зварши на 9 април, а плејин-турнирот ќе се игра од 11-ти до 14-ти истиот месец.

Плејофот ќе почне на 15 април, а најрано шампионот може да биде познат на 9 јуни, во финалето што ќе стартува на први јуни идната година.

 

- Оглас -

Најнови вести