Време е за скопското вечно кошаркарско дерби, квотите го фаворизираат шампионот (Фото)

Денеска (18 часот) во рамки на четвртото коло во Првата лига се игра најголемото дерби во мак-баскетот меѓу Работнички и МЗТ Скопје .

Ова ќе биде вкупно 163-то дерби меѓу вечните скопски ривали, а поуспешен е тимот од Градски парк кој има 91 победа, додека МЗТ Скопје славел на 71 меч, но во последната деценија доминираат Металците.

Двата тима дербито го дочекуваат во не баш добро расположение бидејќи загубија во претходното коло. Работнички загуби од Чаир (83:82), додека МЗТ Скопје од Пелистер (81:71), а нема да бидат ниту комплетни. Кај Работнички нема да настапи Ѓорѓе Џелетовиќ, додека кај Металците, под знак на прашалник е Бојан Крстевски поради повредата на зглобот на ногата.

Минатата сезона, вечните ривали одиграа четири меча, два во регуларниот дел и два во полуфиналето од плејофот и на сите славеше МЗТ Скопје.
Квотите повторно се на страната на шампионот, 1.42 изнесува коефициентот за триумф на МЗТ Скопје, додека тој за победа на Работнички е 2.97.

Во саботниот термин освен овој, ќе се одиграат уште четири натпревари. Уште еден од нив на истото место, во СРЦ „Кале“, од 12.30 часот, ТФТ е домаќин на Академија ФМП.
Во останатите мечеви играат Еуро Никел 2005 – Пелистер,  Чаир – Вардар и Феникс – Кожув.

- Оглас -

Најнови вести