Време е за кам-бек на Серија А, закажан за денеска со два меча во Торино и во Верона. Премиерата по над 100 дена пауза поради опасната пандемија со Коронавирус ќе биде дуелот меѓу Торино и Парма од 19. 30 часот.
Седумкратниот првак на Италија беше во голема криза пред прекинот на Калчото и има црна серија од шест порази со кои опасно се доближи до опасната зона за испаѓање.
По поразот од Лече на втори февруари го сменија и тренерот, па Валтер Мацари си замина и место него пристигна Морено Лонго, но ефектот е ист.
Мацари си замина со три порази во низа, а исто толку има и новиот стратег на Торино, па Биковите велат време е за победа.
Парма игра солидна сезона и на 13 меча до крај има шанси за пробив до позициите што водат во Европа. Се очекува за гостите да игра и Дејан Кулушевски, кој има македонски корени и потпис на договор со Јувентус.
По дуелот во Торино во популарното Калчо ќе се одигра уште еден меч, а Верона ќе му биде домаќин на Калјари од 21.45 часот.
Натпреварите од остатокот на сезоната во Серија А ќе се играат без присуство на публика.