Времено решение? Флик е тренер со најдобар старт во историјата на Баерн

Првите луѓе на Баерн Минхен може да бидат мирни, иако официјално уште немаат најдено тренер за постојано. По заминувањето на Нико Ковач, улогата на прв тренер ја презеде Ханс-Дитер Флик и засега баварскиот гигант игра одлично.

Флик е на чело на Баерн на четири меча и веќе постави рекорд. Тој е стратегот со најдобар старт во историјата на клубот. Ниту еден друг тренер претходно немал четири победи во четири меча и гол-разлика од 16 дадени и ниту еден примен гол. Уште поимпресивно е тоа што на двете гостувања кај Фортуна и Црвена ѕвезда, Баерн даде дури 10 гола.

Официјално Флик ќе биде на чело на Баерн до крајот на годината, а потоа треба да се најде и долгорочно решение за прв тренер. Доколку Флик продолжи со вакви резултати, нема да биде изненадување ако тој добие и долгорочен договор со гигантот од „Алијанц арената“.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести