Скот Паркер веќе не е тренер на Клуб Бриж. Белгискиот клуб реши да се раздели со англискиот стручњак после убедливата елиминација од Лигата на шампионите во осминафиналниот двобој со Бенфика.
За Паркер ова е втор отказ за нешто повеќе од една година. Во август, тој беше приморан да го напушти кормилото во Борнмут.
Паркер го водеше Бриж од 31 декември, а поголем проблем од испаѓањето од ЛШ е што во домашното првенство, тимот е со дури 21 бодови помалку од лидерот Генк. За овие нешто над два месеци со Паркер на клупата, Бриж победи на само два од 12-те меча, а имаа и четири порази и шест ремија.