Втор пораз во вториот меч на Македонија У21 во Анталија

Фудбалската репрезентација на Македонија за играчи до 21 година го претрпе вториот пораз на турнирот кој го игра во Анталија, Турција. Откако во првиот меч загубивме од Украина со 3:1, попладнево Летонија славеше против „црвено-жолтите“ и тоа минимално со 1:0.

По првото полувреме немаше погодоци, а Летонија до победата стигна благодарение на голот кој го постигна во 68 минута.

До крајот на турнирот, Македонија ќе игра само уште против Естонија на 26 март, додека против Казахстан, кој исто така е дел од турнирот, нема да играме бидејќи се наоѓаме во иста група од квалификациите за ЕП 2021 година.

- Оглас -

Најнови вести