Второлигашки играч го надмина и Ламела со својот гол со „рабона“ (Видео)

Ако цел свет пред десет дена му се воодушеви на Ерик Ламела од Тотенхем за голот со „рабона“ против Арсенал, истото треба да се случи и со Португалецот Жока, кој со истиот атрактивен шут, даде уште поубав гол од тој на Ламела.

Жока е играч на португалскиот второлигаш Леишоеш, а мајсторскиот гол го постигна на меч против вториот тим на Бенфика. Рабоната се смета за еден од најкомпликуваните, ако не и најтежок удар во фудбалот, па кога некој ќе даде гок на таков начин, се смета за своевидно ремек-дело. Дури и на најголемите мајстори ова не им успева.

Погледнете го ефектниот гол во мрежата на Бенфика Б:

- Оглас -

Најнови вести