Ед Вудворд ја призна големата грешка со баслосновниот договор што како еден од челниците на Манчестер јунајтед му го понудија на Алексис Санчес минатиот јануари, кога Чилеанецот пристигна од Арсенал на „Олд Трафорд“.
Тогаш тоа беше спектакуларен трансфер, а сумата што ја плаќа Јунајтед е уште поспектакуларна и изнесува околу 400 илјади евра неделно.
Дури може и да биде поголема со бонусите што се додадени при потпишувањето на 4,5 годишниот договор со Санчес и можат да стаигнат до небески височини и до сума од околу 550 илјади евра неделно на сметката на репрезентативецот на Чиле.
Проблем е што Алексис не игра, а и кога ретко настапува не покажува ниту дел од репертоарот што го прикажуваше со одличните игри во Арсенал.
Во интервју за „The Times“ потпретседателот на Манчестер јунајтед изјави дека жали што инсистирал на трансфер на Санчес.