Вујкото на Рафа Надал ќе биде дел од бордот на директори во Барселона?

Виктор Фонт, еден од кандидатите за нов претседател на Барселона, најави интересна промена доколку биде избран за прв човек на каталонскиот гигант.

Фонт ќе го повика Тони Надал, вујкото на еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Рафаел Надал, да биде дел од бордот на директори во клубот. Тони од 2005 до 2017 година му беше тренер на својот внук, со негова помош Рафа прерасна во успешен тенисер кој моментално е втор најдобар во светот.

Но, прашањето е што тениски тренер би барал во бордот на директори на фудбалскиот клуб Барселона, кој се наоѓа во тешка ситуација и по заминувањето на Жозеп Бартомеу од претседателското столче.

- Оглас -

Најнови вести