За англиските букмејкери сега Баерн е втор фаворит за титулата во ЛШ

Шансите на Баерн Минхен да биде нов европски шампион пораснаа според квотите на англиските букмејкери, но има една традиција која не говори во прилог на тоа.

Досега никогаш никој не го надиграл Челзи со 3-0 на „Стемфорд бриџ“ во Лигата на шампионите. Баерн стана првиот, пласманот во четвртфиналето им е практично сигурен, никој досега не испаднал по гостинска победа од 3-0. Но, тоа што Баерн има седум победи на седум средби сезонава и делува моќно, не мора ништо да значи.

И Барселона во 2002/03 и Реал Мадрид во 2014/15 исто така газеше на првите седум средби, но не стигна ниту до финалето во тие сезони. Дали истата судбина ќе го снајде и Баерн, ќе покаже времето.

Прв фаворит за трофејот останува Манчестер сити, но ако Граѓаните загубат утре од Реал, квотите на Баерн и Барселона, веројатно и Јувентус ќе бидат пониски од тие на Сити.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести