Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, упати многу пофалби кон своите играчи по победата од 2:1 против Манчестер сити, со која Граѓаните беа елиминирани од Лигата на шампионите.
Арбелоа ги истакна заслугите на својот тим, нагласувајќи колку бил тежок дуелот против еден од најсилните европски состави.
„Лигата на шампионите е посебна за Реал Мадрид. Игравме против еден од најдобрите тимови – Манчестер сити – и целосно заслужено победивме во двата натпревари“, изјави тренерот.
Тој се осврна и на тактичките решенија, особено во справувањето со агресивниот пресинг на противникот:
„Арда Ѓулер? Знаевме дека Сити ќе притиска високо, па затоа требаше да ја задржуваме топката преку Хаусен, Арда и Тијаго. Нивното влијание беше исклучително важно.“
„Јас само работам за да го извлечам максимумот од нив. Момците го заслужуваат тоа. Малкумина веруваа дека ќе ги добиеме двата меча, но тие го направија тоа со многу труд и класа“, додаде тој.
На крајот, Арбелоа имаше посебни пофалби и за поединци:
„Дали Куртоа е најдобар во светот? За мене, тој е најдобар во историјата. А Трент? Тој едноставно е брилијантен и постојано напредува. Апсолутно го заслужува своето место во репрезентацијата на Англија.“

