Баерн Минхен води со преубедливи 6-0 по првото полувреме на дуелот со новозеландски Окленд сити од Светското клупско првенство, а првите четири гола паднаа во првата половина од полувремето и сите беа дело на француски фудбалери.
Коман даде два гола, а по еднаш погодија Бои и Олисе. Потоа Баерн 20-тина минути малку ја тргна ногата од педалата за гас, но потоа во судиското продолжение даде уште два гола и на полувреме има предност од 6-0 по првите 45 минути. Петтиот гол го постигна Томас Милер кој после СКП си оди од Баерн во кој ја мина целата досегашна кариера, а шестиот беше дело на Олисе.
Окленд е првак на Океанија и како таков доби право за учество на СКП, но тимот е составен од аматери, некои и не дојдоа во САД затоа што не можеа да земат годишен одмор, па и не треба да чуди што за Баварците ова е како тренинг меч и прашање е само колку ќе бидат расположени да ја полнат мрежата на немоќниот противник.
Ова е петтиот гол на Баерн:
Müller | 🇩🇪 Bayern München 5-0 Auckland City 🇦🇺
Müller makes five before end of first half
Assist Olisepic.twitter.com/I2NtJ2K62H
— Goals Xtra (@GoalsXtra) June 15, 2025