За да било интересно, ЕСПН предвидува дека Ѓоковиќ во 2024 ќе освои само еден гренслем

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, во следната 2024 година ќе освои само еден гренслем-турнир, и тоа Вимблдон.

Ова го предвидува новинарка на американската телевизија ЕСПН, но со објаснување дека нејзината прогноза е направена за да биде поинтересна и затоа за четирите турнири наведува четворица различни победници, иако е јасно дека Ѓоковиќ ќе биде фаворит на сите четири.

Според новинарката Дарси Мејн, на Отвореното првенство на Австралија може да победи Карлос Алкарас, кој ќе сака да се вади за неуспехот во Њујорк годинава. Титулата на Ролан Гарос му ја додели на Рафаел Надал, кој така би имал идеално завршување на кариерата. На вимблдонската трева во Лондон ќе слави Ѓоковиќ, кој годинава таму загуби во финалето, а Отвореното првенство на САД ќе го освои Бен Шелтон за ќеиф на Американците.

Останува да се види колку оваа желботека ќе се оствари.

- Оглас -

Најнови вести