За да нема дилеми – Милан Ристовски не беше во офсајд, Македонија израмни со регуларен гол (Фото+Видео)

Модерната технологија беше на страната на Македонија во 50. минута и од судиите во ВАР собата беше потврдено дека голот на Милан Ристовски за 1:1 беше регуларен.

Јасно е дека нашиот напаѓач не беше во офсајд при голот на стартот на второто полувреме, со кој Македонија израмни на 1:1 против Бугарија во Разград.

Нашиот напаѓач беше во регуларна ситуација и смирено го погоди домашниот гол, а на фотографијата со повлечени линии се гледа дека нема офсајд.

Bulgaria 1-[1] North Macedonia – Milan Ristovski 50′ from soccer

Бугарија поведе со голот на Кирил Десподов во 13. минута, а моментно по 70 минути игра е 1:1 во Разград.

 

- Оглас -

Најнови вести