За Ел Класико се подготвува нов датум за играње

Челниците на Примера дивисион, како и првите луѓе на Шпанската федерација не сакаат Барселона и Реал Мадрид да играат на 26 октомври. Првото Ел Класико за оваа сезона е закажано за 10 дена, но ситуацијата во Барселона навестува дека нема да се одигра дуелот во предвидениот термин.

Во каталонската престолнина деновиве има протести поради пресудите за тамошните политичари, па мечот е прогласен дека е од висок ризик иако треба да се игра во 13 часот. Првично беше понудено да бидат заменети термините на Ел Класико. Идејата беше Реал Мадрид да биде домаќин на дуелот на 26 октомври, а потоа Барселона да биде домаќин на мечот кој треба да се игра во март 2020 година. Сепак од Барселона не ја прифатија оваа понуда.

Весникот „Марка“ најавува дека се размислува за нов датум на Ел Класико. Се најавува дека дербито ќе биде одложено и наместо на 26 октомври, ќе се игра на 18 декември. Конечната одлука за тоа кога ќе се игра дербито меѓу Барселона и Реал Мадрид треба да биде донесена од Одборот за натпреварување.

- Оглас -

Најнови вести