За Гулит, Рајкард е идеално решение за тренер на Милан

Еден од најдобрите фудбалери во историјата на Милан, Руд Гулит, во интервју за италијанските медиуми изјави дека според него, идеално решение за тренер на Росонерите е неговиот некогашен соиграч Франк Рајкард. Пред 30-тина години, Гулит, Рајкард и Ван Бастен го сочинуваа холандското трио кое го предводеше Милан во најславните времиња кога редеа титули во Серија А и во Купот на европските шампиони.

„Ако сакате да изградите тим, ви треба холандски тренер. Знам дека Сидорф се обиде да го води тимот во 2014 година, но тој ја плати цената на неискуството, не му беше дадено доволно време. Зошто да не биде Рајкард тренер на Милан? Со него тимот би играл добро и офанзивно како што сакаат навивачите“, смета Гулит.

- Оглас -

Најнови вести