38.8 C
Skopje
понеделник, 11 август 2025

За Карабах – Шкендија билетите се по цена од 2,5 дури до 150 евра!

Од Карабах се надеваат дека трибините на Републиканскиот стадион „Тофик Бехрамов“ во Баку ќе бидат исполнети до последното место за утрешниот меч на Карабах со Шкендија од квалифиикациите во Лигата на шампионите, а тоа значи над 31.000 гледачи.

Средбата ќе се игра на вториот најголем стадион во Азербејџан, а од првакот на таа земја пред три дена објавија дека се продадени 14.500 билети, денеска бројката е сигурно многу поголема, иако цените на билетите не се баш евтини како за македонски прилики.

Има евтини како оние кои чинат само 2,5 евра, може да се најдат билети и од 5, 10, па до 50 евра. Најскапите се за ВИП ложата, кои се продаваат по цена од 150 евра.

- Оглас -

Најнови вести