За малку ќе одеше во затвор поради прекршување на полицискиот час, а сега „се извади“ со донација од 50.000 евра

Изминативе неколку дена беа навистина возбудливи за Лука Јовиќ. Српскиот репрезентативец и член на Реал, се најде во центарот на вниманието кога од Мадрид допатува во Белград. Јовиќ наместо да биде во домашен карантин како што наложуваат правилата во оваа ситуација со Коронавирусот во Србија, тој реши да излезе надвор и тоа дури во време кога е полициски час.

Поради своето непримерно однесување, властите во Србија најавија дека против Јовиќ ќе биде покренета и кривична пријава, а ако треба ќе биде пратен и во затвор. По овој турбулентно враќање во Белград, Јовиќ потоа го дочека и една убава вест, а тоа е дека неговата девојка, Софија Милошевиќ чекаат бебе. Убавата девојка е трудна.

Откако се смири целата ситуација со непочитувањето на полицискиот час, Јовиќ во знак да покаже дека е совесен граѓанин кој ја сака својата земја, реши да помогне во овие тешки моменти во борбата против Коронавирусот. Според најавите од Србија, Јовиќ е подготвен да донира 50.000 евра за здравството во Србија, а парите да бидат искористени за купување респираторни апарати.

 

- Оглас -

Најнови вести