Иако го чека кривична казна, Јовиќ сподели убави вести (фото)

Лука Јовиќ, напаѓачот на Реал Мадрид, е главна тема во Србија од неспортски причини. Како што е веќе познато го очекува кривична казна за непочитување на здравствените прописи. Откако пристигнал во Белград, Јовиќ не останал во самоизолација, како што е правилото за сите кои доаѓаат од ризичните земји кои се погодени од Коронавирусот и наводно бил на роденденска забава кај неговата девојка Софија.

Причината зошто не ја почитувал препораката Јовиќ јавно ја сподели на својот инстаграм-профил објави фотографија со неговата девојка и истакна дека чекаат бебе. Јовиќ по вторпат ќе стане татко откако веќе има едногодишен син со поранешната партнерка Анѓела Матинашевиќ.

- Оглас -

Најнови вести