За малку трагедија: Фудбалер колабираше во тек на меч, а тоа што го направи после тоа шокираше многумина (Видео)

Колумбискиот фудбалер Андрес Фелипе Роман преживеа драматично колабирање во текот на натпревар од елитната лига во колумбиското првенство меѓу Атлетико Национал и Санта Фе.

Десниот бек на Атлетико Национал во 12-тата минута падна на теренот без да има никаков контакт со противнички играч. Веднаш се создаде паника меѓу останатите фудбалери, а брзо реагираа лекарските екипи.

За кратко време фудбалерот успеа да се освести и потоа сам пропешачи до возилото за Брза помош и замина на дополнителни прегледи.

Клубот од Меделин потоа издаде соопштение во кое потврдија дека Роман покажал уредни резултати на електрокардиолошкиот тест. Интересно е дека фудбалерот дури се вратил на стадион и крајот на мечот го дочекал од клупата за резервни фудбалер, што според многумина делува шокантно.

„Луѓе добро сум. Ви благодарам на сите“, била пораката која Роман ја упатил преку социјалните мрежи.

Атлетико Мационал победи со 2:1, а двата гола ги постигна некогашниот играч на Ренџерс, Алфредо Морелос.

- Оглас -

Најнови вести