За Манчестер одигра 9.389 минути, а на видеоигри поминал 90.000 минути

Лук Шоу добива 11 милиони евра годишна плата во Манчестер јунајтед и со тоа го има приматот за најплатен лев бек во светот. Низ текот на кариерата, Шоу честопати беше повреден и поминуваше време надвор од фудбалскиот терен. Додека мирувал, Шоу си нашол нова занимација за тоа како да го поминува времето.

Шоу е на „Олд Трафорд“ од 2014 година, а еден корисник на „Твитер“ откри податок дека Лук е голем обожавател на видеоигри. Според податоците, Шоу во периодот од ноември 2016 година до септември 2019 година ја играл светски познатата видео игра „Call of Duty“ цели 74.800 минути. Тоа значи дека Шоу поминал дури 51 ден играјќи ја оваа игра.

Освен „Call of Duty“, Шоу поминал и 18.000 минути на уште една игра, „Fortnite“, што значи дека вкупно играјќи видеоигри, тој поминал над 90.000 минути. Колку за споредба, во истиот период, Шоу во дресот на Манчестер јунајтед има одиграно 9.389 минути, односно 10 пати помалку од тоа што играл видеоигри.

- Оглас -

Најнови вести