Во светот на фудбалот познато е дека најдобриот играч на мечот честопати знае да добие некаков вид награда во знак на сеќавање дека одиграл одлично. Од многуте уникатни награди, неверојатен е изборот на еден руски хокеарски второлигаш.
Самите хокеари на крајот на мечот го избираат најдобриот во своите редови, а наградата е пушка „калашников“. Прв добитник на оваа награда е голманот Коноров, кој правеше чуда во победата на тимот на Авангард со 3:2 против Чељабински.