За него нема граници: Роналдо надмина еден рекорд, а достигна друг

Кристијано Роналдо е непогрешлив од белата точка кога е најпотребно. Капитенот на португалската репрезентација синоќа погоди двапати од пенал и тоа беше доволно за актуелниот европски првак да одигра 2:2 против светскиот владетел Франција, во меч од третото коло на Европското првенство.

Најголемата европска фудбалска ѕвезда има вкупно пет погодоци на европскиот шампионат и е прв фаворит за најдобар стрелец. Со двата гола кои синоќа ги постигна, Роналдо сруши еден рекорд, а друг достигна. Португалецот стана најдобар стрелец по бројот на дадени голови на големите натпреварувања (Европско и Светско првенство), надминувајќи го Мирослав Клозе. Германецот имаше вкупно 19 гола во овие две натпреварувања, а Роналдо сега е на бројката од 21 погодок.

Што се однесува на погодоците во националниот дрес, Роналдо стигна до бројката од 109 голови и со тоа се израмни со рекордерот Али Даеи од Иран. Сега на Роналдо му треба само уште еден гол во дресот на Португалија за да стане играчот со најмногу погодоци во репрезентативен дрес.

 

- Оглас -

Најнови вести