За ноќеска типувајте на Ленард, Вестбрук, Сиакам, Мичел и Драмонд

Андре Драмонд (Детроит пистонс – Филаделфија севентисиксерс – 01 часот, НБА лига)

Курпулентниот центар на Пистонс ноќеска поради две причини кои одат во негова полза може да блесне. Тој ќе биде главниот адут на Детроит под обрачите поради отсуство на Блејк Грифин, додека пак Сиксерс ќе го немаат во составот Џоел Ембид за да го спречи Драмонд да биде ефикасен.

Иако Детроит загуби од Атланта на отворањето на новата сезона, Драмонд одигра над просекот со дабл-дабл од 21 поен и 12 скока. Затоа повторно ќе очекуваме ефикасна партија на еден од најдоминантните центри во НБА лигата, плус треба да се знае дека ќе го разигрува човекот кој своевремено важеше за еден од најдобрите бекови и некогашниот МВП Дерик Роуз.

Предлог тип: Драмонд >19,5 поени (1.87)

 

Паскал Сиакам (Чикаго булс – Торонто репторс – 02 часот, НБА лига)

Сиакам дефинитивно е подготвен да одговори на задачата и да биде новиот лидер на актуелниот првак Торонто заедно со искуски Лаури. Една од добрите работи што им се случува на Репторс откако замина Ленард е дека камерунскиот крилен центар игра одлично, па во двата меча досега постигна 34, односно 33 поени.

Се очекува Сиакам да продолжи да игра на високо ниво и повторно да го предводи шампионот со својот учинок, а границата од 25 поени да ја помине без потешкотии.

Предлог тип: Сиакам >24,5 поени (1.87)

 

Расел Вестбрук (Хјустон рокитс – Њу Орлеанс пеликанс – 02 часот, НБА лига)

Вестбрук во официјалното деби за Ракетите со 24 поени и 16 скока беше најефикасен, но тимот на Хјустон загуби од Милвоки и тоа пред свои навивачи. Ноќеска имаат шанса за поправање, повторно на домашен терен ќе се обидат да ја остварат првата овосезонска победа.

Секако дека ексиграчот на Оклахома ќе има голема поддршка од Харден во обидот да го донесе посакуваниот резултат за Хјустон, а самиот Вестбрук е играч кој редовно цели на висок учинок и да ја прави разликата на теренот.

Предлог тип: Вестбрук >22,5 поени (1.87)

 

Кавај Ленард (Феникс санс – ЛА клиперс – 03 часот, НБА лига)

Најкорисниот играч од последното финале блескаво ја стартуваше кариерата во тимот на Клиперс. Во победите над Лејкерс и Голден стејт, Ленард беше најефикасниот играч на Клиперс, а ноќеска не би требало да има проблеми против една од најслабите екипи од минатата сезона.

Сите очекуваат од него да игра на високо ниво, односно да го одржува стандардот кој сам си го постави. Феникс делува разиграно оваа сезона, меѓутоа тешко дека имаат рецепт со кој ќе го спречат незадржлвиот Ленард во неговиот обид да ја донесе третата последователна победа за новата кошаркарска велесила во НБА лигата.

Предлог тип: Ленард >26,5 поени (1.90)

 

Донован Мичел (Јута џез – Сакраменто кингс – 03 часот, НБА лига)

На репрезентативецот на САД добро му легна улогата на лидер и ѕвезда во тимот на Јута. Мичел е еден од најопасните и најефикасни бекови бо целата лига во изминатиов период, го покажа тоа и на претходните два меча во кои Џезерите издвоија по еден триумф и пораз.

За Оклахома беше незадржлив, постигна 32 поени и собра 12 скока, додека 24 поени не беа доволни да се совлада дуото на Лејкерс Џејмс – Дејвис. Сега ќе нема толку моќен противник кој ќе го чува, па затоа Мичел не би требало да има проблеми да одигра над просекот.

Предлог тип: Мичел >24,5 поени (1.85)

- Оглас -

Најнови вести