За ова ли Челзи плати рекордни 115 милиони фунти, Каиседо на дебито направи пенал!

Пеналот кој го направи Моисес Каиседо над Емерсон на дуелот помеѓу Вест Хем и Челзи, предизвика бура од реакции на социјалните мрежи.

Челзи за Еквадорецот Каиседо плати отштета од дури 115 милиони фунти, што е рекорден трансфер во историјата на Премиер лигата, и во клубот и кај фановите на Челзи, очекувањата од него се големи.

Тренерот Маурисио Покетино го стави Каиседо во игра на половина час до крајот на мечот, но Каиседо не се прослави, направи неколку грешки, а како капак, го фаулираше Емерсон за пенал, по кој Вест Хем поведе со 3-1, што беше и конечен исход. Челзи за првпат во својата историја загуби четири лондонски дербија по ред.

Особено навивачите на Ливерпул прават шеги на сметка на Челзи и социјалните мрежи се полни со коментари дека Црвените треба да бидат среќни што не го купија Каиседо.

Трансфер политиката на Сините беше критикувана и поради Енцо Фернандес, за кого платија нешто помалку отколку за Каиседо, а Аргентинецот денеска во важен момент утна пенал.

 

- Оглас -

Најнови вести